24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нормализиран сообраќајот на Крим

Министерот за транспорт на Руската Федерација Виталиј Савељев денеска соопшти дека товарниот и патничкиот сообраќај на полуостровот Крим е целосно нормализиран по терористичкиот напад.

„Благодарение на добро воспоставената соработка меѓу министерствата за транспорт, одбрана и внатрешни работи, како и безбедносните и федералните агенции, Руските железници, Ространснадзор и колегите од регионот, ситуацијата е ставена под контрола“, рече Савељев.

Во експлозија на камион на 8 октомври на Кримскиот мост загинаа четири лица, а оштетен е дел од мостот. Русија ја окарактеризира експлозијата како терористички чин и ја обвини Украина за тоа.