11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан најави: Унгарија ќе добива струја од Азербејџан, преку Грузија и Романија

„Долгорочното решение за актуелната енергетска криза е Европа да набавува што е можно повеќе енергија од што е можно повеќе правци“.

Ова го изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, по потпишувањето на договорот за стратешко партнерство со неговиот грузиски колега Иракли Гарибашвили во Будимпешта.

Во заедничката изјава за печатот, Орбан изјави дека поголемата понуда ќе ги намали цените на енергијата, што е во фундаментален интерес на Унгарија, бидејќи земјата „се бори со инфлацијата, која во голема мера е предизвикана од високите цени на енергијата“, пренесува агенцијата „МТИ“.

„Се формира ново големо енергетско партнерство за кое Унгарците имаат посебен интерес“ – додаде тој, прецизирајќи дека планот е да се воспостави нов голем далноводен систем кој преку Грузија и Романија би испорачувал струја од Азербејџан до Унгарија.

Според него, тој систем би можел да ги замени големите количини природен гас што Унгарија во моментов ги користи за производство на електрична енергија.