21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Кутија со шајки падна од камион, 36 автомобили завршија со дупнати гуми

Бизарен инцидент се случи на автопатот 405 во близина на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија.

Како што јави американската телевизија ABC7, кутија со шајки паднала од камион, а потоа настанал хаос.

Имено дури 36 автомобили завршиле со дупнати гуми и морале да се паркираат на крајната лента одеднаш.

Набргу по објавувањето на веста изби жестока дебата.

Но, полицијата констатирала дека инцидентот не бил намерно предизвикан.