12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Столтенберг за „валканата бомба“: Русија често ги обвинува другите за тоа што го планира

Недокажаното тврдење на Русија дека Украина планира да употреби „валкана бомба“ е „очигледно лажно“ и Кремљ не смее да го користи како изговор за ескалација на војната, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Добивај вести на вибер
„Русија сега лажно тврди дека Украина се подготвува да употреби радиоактивна валкана бомба на нејзина територија. Сојузниците на НАТО го отфрлаат ова очигледно лажно тврдење. Русија често ги обвинува другите за тоа што планира да го направи. Тоа го видовме и порано, од Сирија до Украина, Русија не смее да го користи ова како изговор за ескалација на војната“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО ги опиша руските тврдења како „неодговорни“.

„Секоја употреба на нуклеарно оружје во Украина веднаш ќе ја промени природата на конфликтот“, рече Столтенберг и додаде: „Претседателот Путин знае дека нема победници во нуклеарна војна и никогаш не смее да се победи. Тие исто така знаат во Москва дека таквите нешта би предизвикало сериозни последици“.