10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сијарто: Унгарија е против предлогот на ЕК за енергетската криза

Унгарија не ги поддржува предлозите на Европската комисија за борба против енергетската криза и инсистира сите одлуки за овие прашања да се носат со консензус, а не со мнозинство гласови, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

„Безбедноста на снабдувањето со енергија и цените на енергијата се приоритети за Унгарија и нема да прифатиме никаков предлог што дури и минимално ќе ја загрози енергетската безбедност на Унгарија“, рече Сијарто на средбата со новинарите.

Сијарто истакна дека на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ тој ги претставил приговорите на Унгарија за ограничувањата на цената на гасот, заедничкото купување гориво, кооперативното користење на складирање гас и откривањето информации за долгорочните договори.