25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Проштален говор на Лиз Трас: Продолжуваме да се бориме низ бурата, но јас верувам во Британија

Актуелната премиерка на Велика Британија Лиз Трас последен пат зборуваше пред резиденцијата во Даунинг стрит.

Таа го започна својот говор велејќи дека е голема чест да се биде премиер и да се има можност да се води нацијата во периодот на жалост по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Трас исто така додаде дека е задоволна што за време на нејзиниот мандат кралот Чарлс станал нов крал.

– Мојата влада постапи итно и решително за да им помогне на вредните семејства. Им помогнавме на илјадници бизниси да избегнат банкрот. Успеавме да ` ја вратиме енергетската независност на земјата и повеќе да не се потпираме на странски сили – рече таа.

Таа потоа рече дека треба да ја искористат слободата по bрегзит и да ги прават работите поинаку.

– Тоа значи дека треба да обезбедиме повеќе слобода за нашите граѓани и да ја вратиме власта во нашите демократски институции. Мораме да можеме да ги надминеме авторитарните режими – рече таа.

Премиерот тогаш рече дека Британија мора да продолжи да ја поддржува Украина.

– Украина мора да победи и мора да продолжиме да ја зајакнуваме одбраната на нашата земја – рече Трас.

Таа заврши посакувајќи му среќа на нејзиниот наследник Раши Сунак.

– Продолжуваме да се бориме низ бурата, но јас верувам во Британија, верувам во британскиот народ и знам дека ни претстојат посветли денови – изјави на крајот Трас.

По завршувањето на својот говор, Трас ќе се упати кон Бакингемската палата со своето службено возило на последната аудиенција со кралот Чарлс.

Да потсетиме, Риши Сунак вчера стана претседател на Конзервативната партија, откако Пени Мордоунт се повлече од трката.

Ова му даде директен пат на Сунак да стане нов премиер на Велика Британија.

Лиз Трас поднесе оставка како премиер минатата недела по 45 дена на таа функција, пренесе Телеграф.рс.