10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД ги повикаа Обединетите Нации да ја истражат употребата на ирански беспилотни летала во Украина

САД побараа од Советот за безбедност на Обединетите нации да ги истражи наводите дека Русија користи ирански беспилотни летала во војната против Украина.

„ОН мора да истражат какво било прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и не смееме да дозволиме Русија или други да ги попречуваат или да им се закануваат на ОН во извршувањето на нивните мандатни должности“, рече американскиот амбасадор во ОН Џефри Делаурентис на состанокот на Советот за безбедност.

Велика Британија, Франција и Германија претходно испратија слични барања до ОН. Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја, пак, на состанокот на Советот за безбедност ова го опиша како „нечуена ситуација“, и повторно ги отфрли тврдењата дека ирански беспилотни летала се користат во војната против Украина и ги предупреди ОН да не започнуваат истрага.

Доколку има истрага, Русија ќе мора да размисли за соработката со ОН, рече Небензја, повторувајќи ја сличната изјава на неговиот заменик Дмитриј Полјански пред неколку дена.