10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Екс советник на Трамп осуден на 4 месеци затвор

Екс советникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – Стив Банон, е осуден на четири месеци затвор и парична казна од 6.500 долари поради непочитување на Конгресот, јавува „Си-Ен-Ен“.

Судијата најави дека Банон нема да мора да одлежи затворска казна додека не се реши неговата жалба.

Банон има рок од 14 дена да поднесе жалба, а доколку не поднесе, има рок до 15 ноември да се пријави во затвор.

Тој беше осуден по четири точки за презир на Конгресот затоа што одби да сведочи пред Комисијата за инвазијата на Капитол на 6 јануари 2021 година, кога поддржувачите на Трамп одбија да ја признаат победата на Џо Бајден на претседателските избори.