21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жирафа уби шеснаесетмесечно девојче во национален парк во Јужна Африка

Шеснаесетмесечно девојче е убиено кога било нападнато и прегазено од жирафа во национален парк во Јужна Африка.

Несреќата се случила во природниот парк Кулени Фарм, кој се наоѓа на 270 километри југоисточно од пристанишниот град Дурбан, соопшти полицијата.

Ваквиот инцидент не е чест случај бидејќи жирафите обично не напаѓаат луѓе, пренесуваат медиумите.

Девојчето било пренесено во блиската лекарска ординација, каде што им подлегнало на повредите.

Мајката е префрлена во болница и е во животна опасност.

Полицијата покрена истрага за овој инцидент.