14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандија поради птичји грип ќе убие 300 илјади кокошки

Холандија ќе убие уште 300.000 кокошки од фарма на југот на земјата, откако таму беше откриен многу заразен вид на птичји грип, објави владата во четвртокот.

Од почетокот на септември, во Холандија се регистрирани околу 30 случаи на смртоносна форма на птичји грип, по неколку десетици случаи на почетокот на годинава.

Околу 6 милиони кокошки веќе се убиени во Холандија од 26 октомври минатата година кога се појави нова варијанта на болеста, објави во четвртокот холандската агенција за безбедност на храна.

И Франција забележа зголемување на бројот на заразени кокошки откако ја доживеа својата најлоша епидемија во историјата претходно оваа година.