25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова оставка во британската влада – заминува и министерката за внатрешни работи

Суела Браверман си замина од функцијата министер за внатрешни работи, пишува денеска британски „Гардијан“, додека британскиот весник „Сан“ тврди дека таа е сменета.

Доколку оваа информација биде потврдена, тоа ќе биде втор министер сменет во владата на Лиз Трас за помалку од една недела.

Во петокот премиерката го смени министерот за финансии Кваси Квартенг.

„Гардијан“ цитира извори кои велат дека заминувањето на министерката Браверман било „по налог“ на Џереми Хант, кој го замени Кванси Квартенг.

Поранешниот министер за транспорт Грант Шапс се споменува како можен наследник во Министерството за внатрешни работи, пишува весникот, додека Министерството за внатрешни работи одби да ги коментира извештаите.