17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Медведев за Израел: „Тие се изроди, беа и останаа нацисти“

„Израел наводно планира да испорача оружје на режимот во Киев. Тоа е многу непромислен чекор. Ќе ги уништи сите меѓудржавни односи со другите држави. Да не зборуваме за фактот дека тие изроди биле и останаа нацисти. Доволно е само да се види симболиката на нивните современи следбеници. Ако им биде обезбедено оружје, тогаш Израел има право да ги прогласи Бандер и Шухевич за свои херои“, напиша тој на „Телеграм“.

Претходно, израелскиот министер за дијаспора, Нахман Шаи, изјави дека Израел треба да почне со воена помош за Украина по информациите за испорака на балистички ракети од Иран на Русија. Тој додаде дека од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Израел само му доставува на Киев хуманитарна помош и средства за заштита на вработените во државните служби во итни ситуации.

Израелската телевизија КАН, повикувајќи се на весникот „Вашингтон пост“, објави дека Иран планира да ѝ испорача балистички ракети на Русија. Според податоците на американската разузнавачка служба, на кои се повикуваат новинарите, станува збор за серија ракети со краток дострел „Фатах-110“ и „Золфаг“, кои може да погодат цели на оддалеченост од 300 и 700 километри. Во написите се наведува дека Иран планира да ѝ испорача дополнителни дронови на Русија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека темата Русија да набавува борбени беспилотни летала од Иран е вештачки промовирана од американските медиуми.

Роман Шухевич бил украински националист, политичар и револуционер, командант на украинската востаничка армија во Втората светска војна. Степан Бандера беше украински политичар и водач на терористичката организација на украинските националисти, кој беше одговорен за многубројни брутални злосторства извршени врз Полјаците и Русите.