21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ураган ја погоди Никарагва, носејќи силен ветер со брзина од 140 километри на час

Ураганот Јулија денеска го погоди брегот на Никарагва, соопшти Националниот центар за урагани, предупредувајќи за опасни временски услови во наредните денови ширум регионот.

Ураганот рано утрото падна на копно во близина на градот Лагуна де Перлас, носејќи силен ветер со брзина од 140 километри на час.

Се очекува ураганот постепено да слабее додека ја преминува Никарагва, а се предвидува дека ќе стигне до источниот дел на Пацификот до недела навечер.

Метеоролозите известуваат дека до утре Јулија ќе стигне до бреговите на Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала.

Поројни поплави и лизгање на земјиштето опасни по живот се можни од обилните дождови над Централна Америка и јужно Мексико до почетокот на следната недела, соопшти Центарот.