21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ракетен напад на руските сили на Запорожје, загинаа најмалку 12 луѓе

Во ракетниот напад на руските сили синоќа во Запорожје загинаа 12 лица, а 49 се хоспитализирани, изјави шефот на Регионалната воена управа на Запорожје, Олександр Старук.

Старух рече дека врз Запорожје биле истрелани 12 ракети, пренесе Интерфакс Украина.

Деветкатница е делумно уништена во ракетниот оган, уште пет станбени згради се срамнети со земја и многу повеќе се оштетени.

„ Можеби има повеќе луѓе под урнатините. Акцијата за спасување е во тек. Осум лица веќе се спасени“, напиша Старух на социјалната мрежа Телеграм.

„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Претходно претставникот на градските власти Анатолиј Куртев соопшти дека во нападот загинале 17 лица.