Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петров: Напорот на Макрон е обид да се забрза нашето членство во ЕУ

„Целиот напор кој го вложи францускиот претседател Макрон за решавање, односно за деблокирање на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ е желба да се забрза процесот за членство на Западен Балкан во ЕУ, бидејќи таму ни е местото“ изјави членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека треба да се искористи можноста што ја нуди Европската политичка заедница за да се седне на иста маса со земјите-членки на ЕУ, но и кандидатите и да се разговара, да се разменуваат мислења и да се оди напред.

„Европската политичка заедница е добра иницијатива каде може послободно, без острите правила на ЕУ секој да опстои на својот став и мислење. Треба да се искористи оваа асоцијација, без вообичаените стеги кои ги наметнува стругата организација на ЕУ за да се разговара со земјите од Европа“ рече Петров.

Тој додаде дека Северна Македонија има јасна заложба за членство ЕУ и не размислува за никакви алтернативи.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК