Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
СДС и Тренчевска немаат кредибилитет да говорат за пензии и пензионерите.
До пред само 2 години, над 200 илјади пензионери живееја со мизерни пензии под 14 илјади денари, а годишните зголемувања на пензиите беа околу 180 денари.
Денес, со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пензионерите за помалку од 18 месеци, добија 7.000 денари повеќе на нивните сметки, односно зголемување за 325%.
Еве уште една споредба, првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.
7000 денари во првите 24 месеци со ВМРО-ДПМНЕ наспроти 540 денари во првите 24 месеци со СДС.
Во однос на хистеријата и паниката која ја создаваат СДС и Тренчевска, дека примањето на пензиите е ставено под знак прашалник, имаме лоша вест за нив, а добра за граѓаните, апсолутно пензискиот фонд е стабилен, а на СДС и Тренчевска им е криво што денес пензионерите добиваат 7000 денари покачување, додека во нивно време истото беше 180 денари. Дополнително, пензиите ќе бидат легнати на сметките на пензионерите секој први во месецот и апсолутно нема никаква вистина во тоа дека има дупка во Буџетот, затоа што сите држави во Европа, односно Владите на земјите интервенираат во делот на пензиите и директно од Буџетот се префрлаат на пензискиот фонд.
Но, таа економија тие секако не ја разбираат, па бадијала е да им ја објасниме како функционира.
Тие знаат само за марихуана и тендер економија, која завршува во нивните џебови.
Затоа се во опозиција и затоа на следните избори ќе ги снема од политичката сцена.


