3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петров: Преговарачката рамка не е бугарски предлог, туку е усогласена со ЕУ

„Кога зборуваме дека сме против преговарачката рамка, треба да разјасниме дека тоа не е бугарски предлог, туку е предлог усогласен од целата меѓународна заедница“ изјави членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека членството во ЕУ и НАТО значат и почитување на одредени стандарди на однесување и на координација со оние со кои сакаме да сме заедно, а не да водиме сметка само за нашиот интерес.

Во врска со иницијативата за референдум од страна на опозицијата, Петров истакна дека ние сме во деликатен период, кога со една нога сме во процесот на преговори и не треба да додаваме сол на раната.

„Меѓународната заедница недвосмислено е против одржување на референдум. Ако ги слушнете изјавите на највисоките претставници, ниту еден не кажа дека тоа е добро за нас. Сите опоменаа дека не е време за такви работи“ рече Петров.