Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Пратеничка на СДСМ во Советот на Европа го бранеше македонскиот јазик и идентитет – жестока кавга со бугарски колега

Пратеничката на СДСМ, Соња Мираковска која во Советот на Европа жестоко се расправаше со бугарскиот пратеник Александар Јорданов.

Јорданов порача дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него. Мираковска му порача на својот бугарски колега дека никогаш не може да го оспори македонскиот идентитет.

-Вие мене ниту на моите сограѓани не можете никогаш да им кажете дека зборат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, говорам на македонски јазик живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет, вели Мираковска.

Можеби ќе ве интересира

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ И ДОЖД – Еве какво време нè очекува денеска, 3 ноември

ДЕСК

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК