14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Страдате од депресија и анксиозност: Пред да посетите психијатар, проверете дали ви недостасува овој минерал

Магнезиумот помага и за побрзо опуштање на мускулите, но и за опуштање на целиот организам. Исто така, недостатокот на магнезиум може да биде главната причина за грчеви во мускулите.

Минималниот дневен внес на овој минерал е околу 300 mg (телото апсорбира само нешто помалку од 200 mg). Сепак, високото ниво на магнезиум исто така не се препорачува бидејќи може да му наштети на здравјето.

Природни извори на магнезиум се зелен лиснат зеленчук, мешунки, интегрален ориз, житарки од цели зрна, соја и семки од сончоглед, јаткасти плодови, млечни производи, месо, риба, чоколадо со минимум 70 проценти какао, непреработена морска сол. Сепак, треба да знаете дека дури 50 до 70 проценти од овој минерал се губи со термичка обработка, како и со замрзнување храна (до 40 проценти) и рафинирање (до 99 проценти).

Препорачаната дневна доза на магнезиум за здрава возрасна жена е 350 mg на ден, а за возрасен маж, трудници и доилки е 450 mg.

Докажано е дека магнезиумот директно влијае на расположението и доколку му недостига предизвикува анксиозност и депресија. Имено, тој директно влијае на рамнотежата на ослободувањето и прифаќањето на хормонот на среќата, серотонин и дури кога го имаме доволно, се чувствуваме избалансирани.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Откриен нов минерал на Месечината: Важен напредок за разбирање на еволуцијата

M T

Истражување на германски лекари: Депресијата може да биде знак дека следува мозочен удар

M T

НЕПЛОДНОСТ И ДЕПРЕСИЈА – Чипсот штетно делува на целиот организам

M T

6 знаци дека вашето ментално здравје е загрозено: Овие се симптомите на скриена анксиозност

M T

Депресивни сте? Овие намирници веднаш морате да ги исфрлите од исхраната!

CENTAR MKD