Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

За два дена пристигнува ЕСЕНТА: Ќе трае точно 6 минути подолго од лани

Есента 2022 година пристигнува ноќта меѓу 22 и 23 септември, петок во 3:03 часот по средноевропско време и ќе трае до 21 декември во 22:48 часот, кога започнува зимата.

Есента на северната хемисфера на Земјата доаѓа на 266-от ден од 2022 година во 38-та недела, а интересно е што во тој момент ќе поминат 72,88% од оваа година.

Во истиот момент на јужната хемисфера на Земјата ќе започне пролетта.

Есента започнува во моментот кога Сонцето, во своето привидно движење во текот на годината, го преминува небесниот екватор и се движи кон јужната небесна хемисфера.

Во тој ден Сонцето изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад, денот и ноќта се еднакви и траат по 12 часа.

Тој ден се нарекува есенска рамноденица.

Професионално, а поточно доаѓањето на есента се дефинира како момент кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација, а ректасцензијата на Сонцето е околу 12 часот.

Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани.

Во петок, првиот есенски ден, Сонцето изгрева во 6:26 часот, а заоѓа во 18:34 часот.

Инаку, за метеоролозите летото заврши на 31 август, а есента ќе трае од 1 септември до 30 декември 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Што ви носи 14 декември според ѕвездите – детален дневен хороскоп за 14-ти декември 2025

ДЕСК

Хороскоп за 13 декември 2026: ден што носи пресврти и важни одлуки

ДЕСК

Без прашина до 10 дена: Ставете капка од оваа течност во вода и избришете ја целата куќа

C +
error: Соддржината е заштитена.