Британското Министерство за одбрана на 7 ноември објави дека во орбитата успешно е поставен воениот сателит „Titania“, наменет за набљудување на Земјата и поддршка на одбранбените активности. Според соопштението, самото лансирање било извршено претходниот месец, а сателитот ќе функционира во рамките на програмата ISTARI.
Сателитот тежи приближно 100 килограми и ја обиколува Земјата за околу 90 минути. Британија развива и мрежа од земни сензори за следење на објектите во вселената. Министерството ја поврзува оваа програма со планирани инвестиции од повеќе од три милијарди фунти во вселенски одбранбени капацитети во наредните четири години.


