Европската комисија на 6 ноември соопшти дека започнала преговори за проширување на режимот „Roam Like at Home“ на шест партнери од Западен Балкан: Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Целта е граѓаните што патуваат меѓу ЕУ и регионот во иднина да можат да користат повици, пораки и мобилен интернет без дополнителни роаминг-надоместоци.
Европската комисија нагласува дека прво треба да се постигнат договори, да се усогласат правилата и потоа Советот на ЕУ да ја прошири роаминг-зоната. Тоа значи дека најавата од 6 ноември не претставува автоматско укинување на роамингот, ниту е објавен датум кога новиот режим ќе започне да важи за македонските корисници.


