8. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

Чувањето на некои намирници во фрижидер може да направи повеќе штета отколку добро. На пример, медот може да стои засекогаш на собна температура, но во фрижидер само ќе се стврдне и ќе му се уништи структурата.

Домати
Ова вкусно летно овошје всушност го губи вкусот во фрижидер. Ладниот воздух го запира процесот на зреење, што на доматите им дава најдобар вкус. Фрижидерот може да го промени и вкусот на доматите, па затоа е подобро да ги чувате во корпа на собна температура. Можете да ги ставите и на надворешните прагови за да продолжи зреењето на сонце.

Босилек
Ако го ставите во фрижидер, не само што брзо ќе вене туку и ќе ги впие сите мириси околу него. Подобро е да го чувате како цвет во малку свежа вода. Ако имате многу и сакате да го зачувате, бланширајте го накратко и замрзнете го наместо да го чувате во фрижидер.

Лук
Поради складирањето во фрижидер, лукот на крајот ќе стане гумен и ќе никне. Подобро е да се чува на ладно и суво место.

Компири
Студот од фрижидерот го поттикнува скробот во компирот да се претвори во шеќер, па може да завршите со слатки компири. Најдобро е да ги чувате на ладно (но не премногу ладно) и темно место. Мрежестите или хартиените кеси се многу подобри бидејќи дишат повеќе од пластичните. Помалку ќе никнуваат и помалку ќе се расипуваат во нив.

Кромид
Со текот на времето, поради студениот воздух во фрижидерот, тој ќе почне да испушта влага и ќе стане мек и мувлосан. Чувајте го надвор во корпи, но не во близина на компирите затоа што меѓусебно се поттикнуваат да скапуваат побрзо.

Мед
Медот нема рок на траење и може засекогаш да се чува на собна температура доколку е добро затворен. Во фрижидер може само да се стврдне, а шеќерот ќе се кристализира (ако е шеќер) и ќе ја уништи структурата.

Авокадо
Ако сакате вашето авокадо да созрее, не го чувајте во фрижидер. Најдобро е да го чувате во хартиени, кафеави кесички, а ако сакате да го поттикнете зреењето, ставете со него домат, јаболко или банана.

Леб
Фрижидерот брзо би го исушил лебот, а доколку имате премногу и сакате да го зачувате, подобро е да го исечете на парчиња и да го чувате во замрзнувач. Свеж леб е подобро да се чува надвор, на собна температура.

Маслиново масло
Ова вредно масло треба да се чува на темно, ладно место, но не во фрижидер, бидејќи во него би се променила конзистентноста и од течна би се претворила во густа маса, како путер.

Кафе
Ако го оставите во фрижидер, ќе ја изгуби својата арома и ќе ги преземе останатите околу себе. За да го задржите кафето свежо, најдобро е да го чувате на полици во кујната каде што е темно и добро затворено.

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T

Ова е список на 9те намирници кои многумина од нас ги јадат, а се многу опасни по нашето здравје

M T

ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ – Овие намирници се ѕвездите на есенското мени

M T

НИКАКО не го правете ова! – Повеќето луѓе прават голема грешка кога ја одмрзнуваат храната, а еве и зошто

M T