10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пратеничката Зајкова од ЛДП: Не е време за Референдум, прашањето е апсурдно

Рефендумско прашање е апсурдно затоа што до сега во Македонија не познавам дека се случило во пракса да се поништи договор ратификуван од Собранието, па оттука се сомневам во искрените намери за референдум, односно дали се работи за искрена политика или повторно само гол популизам, истакнува пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова.

– Скрининг процесот од утре започнува за пристапување на земјава во ЕУ, а денеска е одржан првиот состанок со делегатите од 27-те земји членки на ЕУ во работната група на Советот на ЕУ, задолжена за проширување и за земјите коишто преговараат за пристапување. Формирани се преговарачки тимови, така што со спроведување на рефендумот, државата наместо напред би направила чекори наназад. Не разбирлива е одлуката да се излезе со такво референдумско прашање ако се земе предвид дека токму ВМРО-ДПМНЕ, беше онаа која немаше ништо против при усвојувањето на резолуцијата за Западен Балкан предложена од нивната сестринска партија- Европската народна партија на конгресот во Ротердам во која се бара да се почитува и спроведува Договорот со Бугарија и добрососедските односи, потенцираше таа.

Таа додаде дека организирањето на референдум во време на енергетска криза е непотребен чекор, затоа што тоа ќе удри по буџетот на државата, а со тоа и по џебот на граѓаните. За неа во моментов на отпочнати процеси не е потребно да има референдум, а истиот може повторно да предизвика големи поделби меѓу граѓаните, како и последици по однос на државата и успорување на процесот на нејзината евроинтеграција.
Пратеникот Боби Мојсоски вели дека внатрепартиски во ЛДП сè уште не дискутирале по однос на иницијативата за организирање на рефендум а лично тврди дека референдумското прашање може да ги успори веќе отпочнатите процеси на евроинтеграција.

– Во моментот потребно е силите да ги насочиме кон менаџирање и решавање на енергетската и економската криза кои ни се пред прагот и сите заедно да се насочиме кон развој и брзо поминување на патот до целосна европска интеграција а не да заглавиме во лавиринти. Уставот во членот 118 е јасен: ,,Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.’’, вели пратеникот и генерален секретар на ЛДП Мојсоски.

Потсетување дека пратениците од ЛДП во минатиот состав го поддржаа носењето на договорот за развој на добрососедските односи оттука би било апсурдно од денешна перспектива да поддржат вакво референдумско прашање, заклучува тој.

Спонзорирано: