Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ПРЕД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА – Власта и опозицијата ги изнесоа ставовите

Претставниците на парламентарните партии денеска одржаа одделни средби со експертите на Венецијанската комисија, кои се во Македонија по барањето на Владата за мислење во врска со законското регулирање на правосудниот испит.

Меѓу прашањата за кои се разговарало е и можноста за полагање на испитот на албански јазик. Претставници на ВРЕДИ и Европскиот фронт изразија поддршка за таквата можност, додека од ВМРО-ДПМНЕ најавија разгледување на релевантните препораки во парламентарната постапка.

Со денешните средби завршува дводневната посета на експертската делегација. Не е објавено конечно мислење на Комисијата.

Можеби ќе ве интересира

МВР СЕ ОГЛАСИ ПО ОБВИНУВАЊАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Извршена внатрешна проверка

ДЕСК

САРА СЕ ПОЈАВИ ВО СУДНИЦАТА, ОБВИНЕТИОТ НЕ – Одложено судењето во Охрид

ДЕСК

ПАДНА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА КУЛТУРА – Уставниот суд донесе одлука, што ќе се случува со платите?

ДЕСК