26.8 C
Скопје
28. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за бруцоши

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16.9.2022 година.

Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата.

Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30.9.2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

МОН: Од 1ви до 31ви октомври втор рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

M T

Почнува аплицирањето за новата бескаматна кредитна линија „Ковид 4“

M T

Се отвораат студентските и средношколските домови – во двокреветна соба ќе може да биде сместено само едно лице

CENTAR MKD