8. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи утрово се обрати на отворањето на втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, која ќе се одржува од 13 до 15 септември во Инчеон, Република Кореја.

Воведно обраќање на отворањето на конференцијата имаше и извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Јаник Глемарец.

Во продолжение ви го испраќаме неговото интегрално обраќање, преведено на македонски јазик, а во прилог на овој маил можете да го најдете и оригиналното обраќање на англиски јазик.

„Чест и задоволство е да зборувам на отворањето на оваа година Глобална конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд. Конференцијата се случува во многу клучен момент за сите нас, на глобално ниво. Не е само енергетската криза што влијае на повеќето економии на земјите во Европа, туку се соочуваме со голема природна катастрофа како што е неодамнешната поплава што го погоди Пакистан или неодамнешниот тајфун што ја погоди Кореја непосредно пред да пристигнеме на конференцијата. Без разлика на обемот, природните катастрофи ќе имаат влијание врз сите наши земји.

Наша одговорност како Влади, не е само да подготвуваме политики и стратегии, туку во исто време и да развиваме и усвојуваме одржливи системи кои ќе се справуваат со климатските промени и другите предизвици за заштита на животната средина.

Во текот на изминатите години Green Climate Fund (Зелениот климатски фонд) беше наш поддржувач и сојузник во различни проекти, преку кои реализиравме неколку активности за следење и рационализирање на климатските финансии, кои беа пилотирани и предложени како среднорочно решение, се додека не се обезбедат средства за клима во националните буџети.

Веќе почнавме да работиме на создавање на поволна средина за вклучување на приватниот сектор во климатските инвестиции врз основа на приоритетните сектори во земјата. За да го поттикнеме токму ова, го започнавме процесот на акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), да биде првиот национален ентитет акредитиран од ЗКФ, преку кој ќе создадеме поголеми можности за развој и имплементација на проекти поврзани со климата и во исто време и ЗКФ финансирани проекти.

Би сакал да се заблагодарам за соработката со Зелениот климатски фонд како најголем фонд кој се занимава со климатски промени на глобално ниво.

Во врска со поддршката на GCF, сакам да споменам неколку проекти на кои соработуваме, како што се:

– Проект „Зелени градови“ со поддршка на ЕБОР;

– „Финансиски инструмент за опрема за ладење“ со поддршка на Светска банка, во рамките на кој ќе се формира Национален фонд за енергетска ефикасност; и

– „Глобален суб-национален климатски фонд“ за Техничка помош и капитал

Заедно со земјите од Западен Балкан, сме посветени да работиме кон целите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, преку инкорпорирање на строга климатска политика и реформирање на енергетскиот и транспортниот сектор, преку одредени активности. Ќе спомнам неколку:

– Да се стремиме кон намалување и постепено укинување на јагленот и промовирање на декарбонизацијата во регионот

– Зголемување на можностите за решенија за ублажување и прилагодување кон климатските промени

– Поддршка на шеми за реновирање на приватни и јавни згради, обезбедување соодветно финансирање и зголемување на уделот на обновливите извори на енергија

– Поддршка за развој на паметна инфраструктура, промовирање на поттикнување на иновативни технологии и зајакнување на меѓурегионалната соработка како што е прикажано со иницијативата Зелени патеки/Коридори

Сите овие преземени и планирани акции носат со себе предизвици, секако, но во исто време и можност за зелен раст, можност за создавање зелени работни места и позелена планета.

Глобалните инвестиции за постигнување на целите на Парискиот договор за клима бараат итни дејствија – пред сè – за климатските политики. Политиките треба да бидат придружени со соодветни финансиски текови за да се затвори големиот финансиски јаз на глобално ниво, како и кај земјите во развој.

Финансирањето на приватниот сектор за климатска акција е со повеќекратни ограничувања, за кои сме свесни, а во нив се вклучени факторите на страната на понудата и побарувачката, макро-финансиските и микроекономските пречки, високите инвестиции во фосилни горива и ограничувањата поврзани со научни податоци.

Како резултат на овие и други ограничувања, предизвикот останува во привлекувањето финансирање во проекти за ублажување и адаптација. Овие типови проекти најверојатно ќе привлечат мал број на специјализирани инвеститори.

Почитувани,

Нашата работа штотуку започна и нема да застане тука.

Продлабочување на соработката со Зелениот климатски фонд е нешто за што сме подготвени како и со нашите партнери од ЕУ, различни акредитирани субјекти и земји од регионот во постигнувањето на поставените цели, бидејќи овие цели не може да се постигнат поединечно од секоја земја.

Би сакал да му се заблагодарам на Зелениот климатски фонд за целата досегашна соработка и поддршка.

Ова обраќање сакам да го завршам со новиот концепт што треба да се развие за заеднички да успееме – Треба да го напуштиме воспоставениот концепт на зависности и да се префрлиме во нова ера каде меѓузависноста ќе биде нашиот пат напред, и тоа ќе ја катализира климата на иновации: со инвестирање во нови технологии, деловни модели и практики.

Очекувам плодни дискусии и соработки од оваа конференција.

Ви благодарам.“

Можеби ќе ве интересира

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

M T

Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”

M T

Министерката Тренчевска ќе учествува на министерска конференција во Рим

M T

Битиќи и Лорковски: Северна Македонија е усогласена со европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

M T

Џафери во Тирана на конференција на претседателите на парламенти

M T