Кинеските научници тврдат дека откриле нов минерал на Месечината, што ја прави Кина првата земја која постигнала таков успех.
За време на прес-конференција, потпретседателот на кинеската управа за атомска енергија (CAEA) Донг Баотонг го објави името на новиот минерал, кој е Чејнџсајт-(Y).
– Ова е големо научно достигнување за Кина во областа на вселенската наука – посочи тој.
Чејнџсајт -(Y) е колонообразен кристален фосфат минерал кој се наоѓа во лунарните базалтни честички.
Од 140.000 лунарни примероци честички, истражувачите од Пекинг Истражувачкиот институт за геологија на ураниум идентификуваа, анализираа и интерпретираа една кристална честичка со радиус од околу 10 микрони користејќи софистицирани техники, вклучително и дифракција на Х-зраци.
Кинеската комисија за нови минерали, номенклатура и класификација (CNMNC) на Меѓународната минералошка асоцијација (IMA) го класифицираше Чејнџсајт -(Y) како нов минерал.
Тоа е шестиот нов минерал што луѓето го идентификувале на Месечината, а Кина сега им се придружи на САД и Русија, земји кои исто така го направија истото.
Во 2020 година, кинеската мисија Чејнџ-5 донесе примероци од лунарната почва на Земјата за прв пат по повеќе од 40 години.
Во анализата на примероците учествуваа истражувачи од повеќе агенции, вклучително и Кинеската академија на науките, Министерството за образование и Министерството за природни ресурси.
Досегашните откритија имаат значително влијание врз разбирањето на формирањето и еволуцијата на Месечината, како и на напорите за одредување на најефикасните начини за користење на нејзините ресурси.