Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта Русија извршила нов масовен напад со беспилотни летала.
Според украинската страна, противвоздушната одбрана неутрализирала 147 дронови. Во Киев еден човек загинал откако дрон погодил нестанбен објект во Соломјанскиот реон, соопшти украинската служба за вонредни ситуации.


