11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Санчез: Европа да се подготви за најлошо сценарио, Путин целосно ќе го прекине снабдувањето со руски гас

Европа мора да се подготви за најлошото сценарио – целосен прекин на испораката на руски гас оваа зима, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

Тој истакна дека никој не знае што ќе се случи, па ни Владимир Путин.

– Ниту рускиот претседател веројатно не знае какви чекори ќе преземе, но најверојатно е целосно исклучување на рускиот гас во Европа – рече премиерот говорејќи во шпанскиот парламент.

Санчез рече и дека владата ќе ја ограничи цената на гасот за индустријата, пренесе Блиц.рс.