11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

МААЕ: Неопходни мерки за да се спречи нуклеарна несреќа

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска објави извештај за Украина во кој се наведува дека има итна потреба од воведување привремени мерки за спречување нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје.

МААЕ изјави дека е подготвена веднаш да почне консултации кои би доведоа до итно формирање на зона за нуклеарна безбедност во Запорожје.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нејзиниот тим забележал штета направена на различни локации, од кои некои биле во близина на зградата на реакторот.