22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Велат дека сме платиле висока цена за почеток на преговорите, но времето ќе покаже дека одлуката била правна

Во рамки на учеството на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше свое обраќање на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“, заедно со заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар; министрите за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и БиХ, Бисера Турковиќ; специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања, Мирослав Лајчак; високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.

Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер.

Министерот Османи во својот настап се осврна на долгоочекуваниот почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, кој го отвори патот за финалната фаза од пристапувањето во ЕУ, за кој државата, без сомнение, е подготвена веќе 17 години.

„ Денес сум привилегиран и среќен што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент. Секако, не се согласуваат сите во Северна Македонија или пошироко надвор од Северна Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правна, стратешка и уште еднаш покажа дека Северна Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност “, истакна Османи.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ годинава со рекорден откуп и највисока просечна цена

M T

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Ковачевски: Отворени се преговорите со Европската Унија

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T