Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА АЛТА БАНКА – Донесена официјална одлука за учество на берзанската аукција

Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје денеска донесе одлука банката да учествува на јавната берзанска аукција за продажба на доминантниот акционерски пакет на Алта банка АД Битола. Одлуката е објавена како ценовно чувствителна информација преку системот на Македонската берза.

На продажба се понудени 372.742 обични акции, што претставуваат 95,336 проценти од вкупниот акционерски капитал на Алта банка Битола. Пакетот е во сопственост на Алта банка АД Белград, која е во стечај. Продажбата ќе се спроведе преку јавна аукција закажана за 30 ноември, според принципот „сè или ништо“.

Одлуката на Комерцијална банка значи официјална заинтересираност за учество во наддавањето, но не и дека купопродажбата е завршена. Конечниот исход ќе зависи од аукцијата, понудените цени и применливите регулаторни постапки.

Можеби ќе ве интересира

Новата законска рамка и дигиталната платформа овозможуваат поедноставно и законско ангажирање сезонски работници

ДЕСК

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 20 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и франкот

ДЕСК