9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАНАПРАВИ САМ

ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ: Овој домашен сок од коприва мора да го пробате

Копривата е една од најдобрите билки кои се користат за подобрување на имунитетот, а лесно можете да ја најдете во природа, па затоа е бесплатна.

Сок од коприва се подготвува многу едноставно, а рецептот кој ви го пренесуваме е неверојатен за имунитет.

Копривата е еден од најдобрите природни начини за зајакнување на имунитетот, а рецептот за овој напиток мора да го запишете.

Состојки:

30-40 парчиња врвови од млада коприва

3 литри ладна вода

5-6 цитрусни овошја по избор (може и комбинација од лимон, грејпфрут и портокал)

1 кг шеќер кој го додаваме подоцна

Подготовка:

Измијте ги копривите и агрумите. Во водата ставете коприва и сечканите агруми. Покријте го садот и оставете го да отстои 24 часа. Следниот ден со раце добро изгмечете ги состојките, па процедете и додајте шеќер.

Сирупот треба повремено да се меша додека шеќерот не се раствори, потребни се приближно 24 часа за да се раствори шеќерот, па истурете го во чисти и суви шишиња и чувајте го на ладно и темно место.

Можеби ќе ве интересира

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК

Колку време навистина може да ги чуваме јајцата во фрижидер?

ДЕСК

Од кујната на Давор: Како да подготвите посен колач со новиот оризов напиток од Виталиа?

C +