Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарот на Криволак е локализиран, вели ЦУК

РЦУК – Велес, известува дека на полигонот Криволак на АБХ стариот полигон во близина на местото Орлово Брдо е појавен пожар на непристапен терен, а не е познато време на негово започнување.

Заради непристапноста на теренот и можноста од неексплодирана муниција е ограничено гаснењето од земја. Во гаснењето на пожарот во текот на денот бил вклучен еден хеликоптер на АРМ кој исфрлил 5 тони вода. Според последните информации пожарот е локализиран.

Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак, доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Можеби ќе ве интересира

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

ДЕСК

Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

ДЕСК

СДСМ: Сара во болница, насилникот на слобода – институциите се само инструмент на власта

ДЕСК