12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

(Видео) Големи шумски пожари во Франција, во тек е евакуација

Пожарникари се борат со шумските пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот бидејќи сушата и топлотниот бран создадоа идеални услови за ширење на пожарот.

Властите на префектурата Бордо соопштија дека во областа се распоредени околу 120 пожарникари.

Шумските пожари во областите Ландирас и Тест-де-Буч зафатија околу 450 хектари земја. Голем чад можеше да се забележи од Бордо, пренесува France info.

Телевизијата јавува и за евакуација на населението од неколку области. Француската метеоролошка служба издаде предупредување за топлотен бран, а денеска во регионот се очекуваат 37 степени Целзиусови.