12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

vИмето на наследникот на Борис Џонсон ќе биде познато на 5 септември

Британската Конзервативна партија ќе го објави наследникот на премиерот Борис Џонсон на 5 септември по гласањето меѓу членовите на партијата врз основа на правилата договорени од партиските претставници во понеделникот.

Конзервативната партија објави дека со поштенско гласање меѓу членовите на партијата ќе се решава изборот меѓу двајцата кандидати избрани за конечното гласање како дел од забрзаниот процес на селекција меѓу 11-те кандидати што досега ја објавија својата кандидатура.

Медиумот потсетува дека Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата претседател на Конзервативната партија на 7 јули и најави дека ќе остане на премиерската позиција сè додека не се избере нов претседател на партијата.