26.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовно пукање во бар во Јужна Африка, убиени 14 лица

Во престрелка во бар во Совето, предградие на Јоханесбург, Јужна Африка, загинаа 14 лица, а три лица се во критична состојба, извести полицијата.

Според полициското соопштение, тие ги истражуваат извештаите дека група мажи пристигнале со минибус и отвориле оган врз некои од посетителите на барот синоќа.

Полицијата утрово ги вадеше телата на починатите и истражува што довело до масовното пукање.

Тројца тешко повредени и уште едно повредено лице се пренесени во болница.