12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во поплавите во Бангладеш се удавија 15 деца

Петнаесет деца се удавија во поплавите што го погодија Бангладеш.

Итно е потребно да се обезбеди чиста вода за пиење за 3,5 милиони луѓе, бидејќи расте опасноста од појава на болести кои се пренесуваат преку водата, објави денеска во Женева претставникот на УНИЦЕФ Шелдон Џет.

„ Ова е неверојатен број на починати деца и зголемување на вкупниот број жртви во последните неколку дена. Огромни области се целосно потопени и отсечени од вода за пиење и храна. На децата им треба помош во овој момент“,изјави Џет.

Тој додаде дека владите на различни земји и агенции побрзаа да обезбедат хуманитарна помош, вклучително и вода за пиење, по ненадејните поплави кои зафатија четвртина од Бангладеш и ја нарушија работата на здравствените институции, ги затворија училиштата и ја загрозија борбата против неухранетоста на децата, според британската агенција.

„ Бројот на случаи на дијареја се искачи на 2.700 од средината на оваа недела“, додаде Шелдон Џет.

Властите во Бангладеш и соседна Индија предупредија на ризикот од појава на болести кои се пренесуваат преку вода. Како резултат на најлошите поплави во Бангладеш во последните сто години, повеќе од 4,5 милиони луѓе се отсечени од светот, а десетици ги загубија животите. Хеликоптери на индиските воздухопловни сили се распоредени во источната индиска држава Асам, во близина на границата со Бангладеш, кои ќе доставуваат храна и други материјали за луѓето погодени од поплавите.