Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во најголемата криза презедовме навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовните шокови и помош на компаниите. Покажавме капацитет во справување со последиците од најголемата светска економска криза и тоа ќе продолжиме да го правиме, велат од владејачката СДСМ.

„ Следуваат нови мерки и различни форми на помош како за граѓаните така и за компаниите. Во тој правец е ребалансот на Буџетот преку кој се обезбедуваат 76 милиони евра помош на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за земјоделството, за повисоки плати и пензии.

Она што е особено вредно да се истакне е дека Владата предводена од СДСМ продолжува да ја субвенционира цената на произведената електрична енергија за граѓаните да добиваат пониски сметки за електрична енергија. Деновиве, започнува исплатата на субвенциите за над 20.000 тутунари, за што парите веќе се обезбедени во рамките на Буџетот.

Зголемената минимална плата, растот на платите во образованието, детската заштита и останатите сектори како и новата методологија за раст на пензиите се исто така мерки кои во време на криза го штитат стандардот на граѓаните“ се вели во соопштението.

Од СДСМ порачуваат дека ќе продолжат со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

ДЕСК

СЛЕДУВААТ ТРИ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО МАЈ, ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ: Објавена е најновата листа на празници

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК