12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Украинците во Донбас гаѓаат цивилни цели, вклучително и деца

Русија ги обвини украинските војници за нечуени напади врз цивилната инфраструктура во Донбас, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Украина удира врз цели кои вклучуваат детски институции додавајќи дека тоа е напад за кој руските војници се бореа да го спречат во овој источен регион на Украина, пренесува Би-би-си.

„И токму тоа е – заштита на луѓето од овие неонацисти кои го прават тоа – токму тоа е главната цел што ни беше за време на оваа специјална воена операција“, рече Песков.

Неговите зборови доаѓаат во време кога во Донбас се водат жестоки борби, а двете страни спроведуваат офанзиви и контраофанзиви за да обезбедат територија.

Русија во последните денови ги засили обвинувањата против Украина, а проруските власти денеска ја обвинија за терористички напад по експлозијата на автомобил бомба во Мелитопол.

Би-би-си не можеше независно да ги потврди овие наводи.