17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британски разузнавачи пишуваат за побуни меѓу руските трупи: „Тоа е знак за деморализирана армија“

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина, кој укажува на тоа дека руските сили трпат големи загуби, особено меѓу младите офицери.

„Големите загуби на значителен број од помладата генерација на професионални офицери, веројатно, дополнително ќе го влошат проблемот со модернизирање на пристапот кон војувањето“, се наведува во извештајот.

Британското разузнавање соопшти дека има повеќе веродостојни извештаи за локализирани побуни меѓу руските трупи во Украина, што, како што се вели, е знак за деморализирана армија.