6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство

Од денес, па секој петок во неделата, заинтересираните ќе имаат можност да ја разгледаат зградата на Собранието и да слушнат повеќе за улогата и функциите на законодавната власт. Дополнително, заинтересираните граѓани ќе може да се пријавуваат и во другите денови на неделата, од вторник до четврток на терминот од 9 до 10 часот.

Посетите се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Времетраењето на организираната обиколка е еден час, а термините за посета се секој час од 9:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните граѓани за посета на Собранието, можат да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата, преку софтверот за пријавување на следниот линк https://poseti.sobranie.mk/.

За сите прашања и дополнителни информации може да се обратите до Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт, на телефонскиот број 02/3182 227 или преку електронска пошта: parl.inst@sobranie.mk.

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

СДСМ: Не успеа блокадата на Собранието, СДСМ работи за граѓаните

M T

СДСМ: Неуспешна е блокадата и неиспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги правда деструкциите во Собранието

M T

СДСМ: Собранието ги изгласа законските измени, следува реализација на владините антикризни мерки

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја блокира работата на Собранието

M T

Ковачевски: Собранието што посокоро да го донесе законот за минимална плата

M T