Според утринските сообраќајни информации, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење и приспособување на брзината, особено на патните делници низ клисурите и речните долини, каде што постои опасност од одрони.
Со оглед на најавените врнежи и заладувањето за време на викендот, возачите кои планираат подолги патувања треба редовно да ја проверуваат проодноста на патиштата.


