Вработените и посетителите на судот во бугарскиот град Сливен утрово биле евакуирани по добиено известување за можност од поставена експлозивна направа.
По извршената полициска проверка не бил пронајден опасен предмет. Според Бугарското национално радио, продолжувањето на редовните судски активности било предвидено за претпладневните часови.


