Centar.mk
фото скриншот/МВР
-МАКЕДОНИЈА

РАСПРАВИЈА ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКА АПЛИКАЦИЈА ЗАВРШИЛА СО УБИСТВО – Обвинителството го откри идентитетот на убиениот со име и презиме и детали за ликвидацијата кај Смилковско Езеро

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 38-годишник, на 21 ноември утрото, на скопската обиколница, кај клучката во близина на Смилковско Езеро, со умисла го лишил од живот оштетениот Един Шкријељ.

По расправија која што се одвивала преку телефонска апликација, осомничениот со возилото дошол на наведената локација. Се паркирал наспроти возилото кое го управувал Шкријељ, излегле и продолжиле да се расправаат. Во еден момент, осомниениот извадил пиштол и пукал кон оштетениот. Куршумот го погодил во левата нога, во феморалната артерија и поради голема загуба на крв, оштетениот починал на местото на настанот.

Осомничениот избегал со автомобилот кон селото Сингелиќ, а по пат се ослободил од оружјето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТИТЕ СО НЕОБИЧНО БАРАЊЕ – Сакаат да ручаат по цените што ги плаќаат пратениците

ДЕСК

АКО ПАТУВАТЕ ДЕНЕСКА – АМСМ со информации за патиштата и границите

ДЕСК

ТРАКТОР ПРЕГАЗИЛ 75-ГОДИШЕН МАЖ ВО СКОПСКО – Со тешки повреди пренесен на Клиниките

ДЕСК