Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија предупреди на период со обилни врнежи и снег, кој ќе започне вечерва и ќе продолжи во текот на викендот.
Во деловите јужно од Сава и Дунав се очекуваат меѓу 30 и 50 милиметри воден талог, локално и повеќе. Во западните и југозападните предели дождот постепено ќе преминува во снег.
Метеоролошките услови би можеле да предизвикаат тешкотии во сообраќајот и проблеми во снабдувањето со електрична енергија на одредени подрачја.


