Снежните врнежи во Хрватска предизвикаа воведување ограничувања за одредени категории возила. На дел од автопатот А1, меѓу Босиљево и Госпиќ, утрово важеле ограничувања за товарни возила со приколки и возила без соодветна зимска опрема.
На метеоролошката станица Завижан биле измерени 19 сантиметри снежна покривка, додека во Делнице имало 14 сантиметри снег.
Бидејќи ограничувањата се менуваат во зависност од проодноста на коловозите, патниците треба да ги следат најновите сообраќајни известувања.


