5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Нема бесплатен превоз а во Шуто Оризари и воопшто нема превоз, Арсовска ги заборави граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Нема ден а на површина да не излезе неспособноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Три месеци Градот Скопје предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, им нема платено на приватните автобуски превозници и затоа од денеска тие повеќе не сообраќаат на редовните линии.

Со ваквиот прекин, сериозно е редуциран редовниот возен ред на јавниот превоз, но уште пострашно е што цели населени места од денеска се без јавен превоз.

Општина Шуто оризари од денеска е отсечена од јавниот превоз затоа што линиите „19“ и „20“ во најголем дел се опслужувани од приватните превозници.

Арсовска пред изборите ветуваше бесплатен автобуски превоз, 250 нови еколошки автобуси и се откажа од 70 милиони евра за проектот „Бас рапид транзит“.

Сега се гледа дека таа не успева да менаџира ниту со постојниот јавен превоз, толку од нејзините менаџерски способности со кои ги лажеше граѓаните

Јавното сообраќајно претпријатие е без директор, откако последниот директор поставен од Данела си замина од функцијата.

Шест месеци мандат на Данела се шест месеци на неспособност, на прекинати претходно започнати проекти, на оставки на директори, на груба партизација на градската администрација.

Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, и најголемо разочарување за скопјани.

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

M T

МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T