Крушево осамна во вистински зимски амбиент по обилните снежни врнежи што го зафатија градот. Според попладневните информации за состојбата на терен, снежната покривка достигнала околу 40 сантиметри.
Екипите на Јавното претпријатие „Комуна“, во координација со „Македонија пат“, работат на расчистување на градските улици и патните правци.
Според утринските официјални мерења на УХМР, во 7 часот во Крушево биле регистрирани 27 сантиметри снег, а во Маврови Анови 28 сантиметри. Попладневните информации од теренот укажуваат на дополнително натрупување снег во Крушево.


